Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПРЕМИЕРА НА НОВИОТ „ЏЕМС БОНД“: Кејт Миделтон го засени Даниел Крејг

Сцена

ПРЕМИЕРА НА НОВИОТ „ЏЕМС БОНД“: Кејт Миделтон го засени Даниел Крејг

На премиерата на новиот филм за Џемс Бонд, „Spectre“ во Лондон, наместо актерот кој го толкува славниот агент – Даниел Крејг, главна ѕвезда беше војводката Кејт Мидлтон.

Имено, како што објавија британските медиуми, при пристигнувањето на премиерата Крејг позираше во придржба на неговите партнерки од филмот Моника Белучи и Леа Сејду, но сите тие паднаа во сенка кога на црвениот тепих се појави Кејт Мидлтон во придружба на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.

Кејт на премиерата се појави во светло син фустан, кој го откриваше нејзиниот гол грб, па таблидите забележаа дека војводката не носи градник.

spectrepremiere-xlarge[1]

Инаку, во новиот филм за Џемс Бонд, покрај веќе споменатите Крејг, Белучи и Сејду, се појавуваат и Кристоф Валз во улогата на главниот негативец, како и Ралф Фајнс, кој повотрно го толкува ликот на М.

Филмот, чиј режисер е Сем Мендес, беше сниман во Велика Британија, Австрија, Мексико и Мароко.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.