Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Над 2.000 продадени влезници за концертот на легендарите Whitesnake во Скопје

МК Сцена

Над 2.000 продадени влезници за концертот на легендарите Whitesnake во Скопје

Легендарните Whitesnake досега имаат над 2.000 продадени билети за претстојниот концерт во арената „Борис Трајковски“, што е рекорд на Авалон продукција, кога во прашање се светски концерти во Скопје (во овој период, да потсетиме, точно на еден месец пред концерт единствено Lenny Kravitz имаше продадено толку билети за концертот кој се одржа во Охрид во 2008 година).

Whitesnake го вклучија Скопје во рамките на светската турнеја „The Purple Tour“, во која пред македонските фанови ќе го промовираат својот последен музички проект насловен „The Purple album“.

Шармантниот рокер David Coverdale одлучи да ги вклучи своите омилени песни што ги отпеа своевремено со Deep Purple во периодот од 1973 до 1976 година, песни кој во најголем број ги напиша заедно со Ritchie Blackmore.

whitesnake plakat

Навистина, се работи за единствена можност публиката во една вечер да ги чуе најголемите хитови на Deep Purple: „Burn“, „Stormbringer“, „Soldier of Fortune“, „The Gypsy“, како и незаборавните хитови на Whitesnake: „Here I go Again“, „Fool For Your Loving“, „Still Of The Night“, „Is this Love“…

Концертот е закажан за 25 ноември во арената „Борис Трајковски“, во организација на Авалон продукција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.