Сцена
Принц ќе ја претставува Србија на Евровизија
Србија вчера го избра својот претставник на овогодинешниот Евросонг во Базел. Наследникот на Теја Дора е Принц со баладата „Мила“.
„Искрено, мислев дека ова е невозможно. Благодарам на сите што ми помогнаа на овој пат. Како ја доживувам победата? Како врв на кариерата“, изјави пејачот низ солзи.
Инаку, пред неколку години беше блиску до победа и, како што рече, тогаш му се промени животот.




