Промо
Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик
Македонски Телеком, неодамна го најави на пазарот својот нов T Tablet, 5G уред со достапна цена, креиран да и овозможи на пошироката популација пристап до можностите кои ги отвора 5G технологијата.
Денес, за солидно образование потребни се дигитална писменост и уреди за пристап до сите информации на интернет. Токму затоа, Телеком донираше T Tablet на деца од дваесет семејства во социјален ризик кои ги посетуваат Центрите за поддршка на СОС Детско село.







