Промо
„Охрид-фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции за јубилејното 30-то издание
Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ ја прославува својата 30-годишнина. Фестивалот ќе се одржи на 1 и 2 септември на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид.
Фолк вечерта ќе се одржи на 1 септември, каде покрај новокомпонираните фолк песни од нашата земја, ќе учествуваат и странски автори од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 2 септември, каде ќе бидат претставени нови композиции на македонски јазик.
Соочени со константен недостиг на млади пејачи и годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 30-то издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер.



