Промо
По петти пат филмски фестивал КИНЕНОВА – Од 8-ми до 18-ти октомври филмски од дома
Оваа година јубилејното петто издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм, КИНЕНОВА доаѓа во сите домови и во секое парче на Македонија преку малите екрани и Телевизија 24 вести.
Новите услови кои се наметнаа при справување со корона кризата, доведе до тоа да се промени и начинот на одржување и организирање на филмскиот фестивал. Организаторите на КИНЕНОВА, оваа година одлучија реализацијата на фестивалот да биде во една поинаква форма, работејќи на тоа да се одржи континуитетот на пласирање и промоцијата на филмската уметност и тоа на најдостапен можен начин.
Овој формат ќе ги спои авангардноста на оригиналниот авторски уметнички израз и атрактивноста на телевизијата како медиум, што во време на наметливите комерцијални содржини треба да донесе до конечна цел, поголема достапност и популаризација на филмската уметност.




