Сцена
Ријана го тужи татко ѝ за користење на нејзиното име
Популарната пејачка Ријана го тужи татко ѝ Роналд Фенти бидејќи го користел нејзиното име за да му тргне во неговиот бизнис, објави BBC.
Ријана тврди дека Фенти и неговиот деловен партнер лажеле дека и таа има врска со нивната компанија Fenty Entertainment. Со тоа, ја излажале јавноста и му наштетиле на нејзиниот бизнис бренд Fenty, стои во тужбата.
Пејачката од судот побара да му се забрани на Fenty Entertainment да го користи името на нејзиниот бренд Fenty за кое таа има право на сопственост.




