МК Сцена
André Rieu – неприкосновениот крал на валцерот, за прв пат во Македонија!
Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) е несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време.
Насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија, Андре Риу свири во своја сопствена лига пред 600,000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана. Во организација на Пасворд Продакшн, на 6-ти јуни 2019-та Андре Риу ќе настапи во живо во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје со неговото бомбастично сценско шоу во рамки на неговата светска турнеја за 2019-та година.
Билетите за овој екслклузивен настан кај нас ќе бидат достапни во продажба од СРЕДА, 23-ти ЈАНУАРИ 2019-та од 10:00 на сите продажни места на МкТикетс и на www.andrerieu.com.




