МК Сцена
Јала Брат, Буба Корели и Николија на 9 февруари во Скопје
Едни од најактуелните изведувачи во регионот, Јала Брат, Буба Корели и Николија, на 9 февруари (сабота) закажаа свој настап во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје.
Со почеток во 20.00 часот, на гламурозна сцена во главниот град, ќе се нижат хитовите на една нова генерација музичари која што во моментов полни сали и распродава концерти низ целиот регион. Пред нив, загревање, на сцената во Борис Трајковски ќе биде Dj Zdravko.
„Јала Брат, Буба Корели и Николија во моментов се едни од најбараните и наслушаните изведувачи во регионот. Имаат голем број фанови и во Македонија и среќни сме што успеавме да ги договориме на почетокот на оваа 2019 година во која што ветуваме уште многу други концерти на најпознатите од регионот и пошироко“ – велат организаторите Балканска музичка продукција.




