Шоубиз
Џеф Безос и Лорен Санчез – моден хит или модно промашување?
Модниот стил на Џеф Безос и Лорен Санчез на Неделата на модата во Париз предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Наместо восхит, славниот пар стана цел на потсмев и коментари како:
„Дали се обидуваат да ги убедат луѓето дека имаат триесет години?!“
Лорен Санчез, која очигледно ужива во својата „втора младост“, се појави на модната сцена во огнено црвен фустан од Валентино, што ги истакнуваше нејзините бујни облини и нозете благодарение на длабокиот шлиц.
Нејзиниот сопруг, Џеф Безос, кого Форбс во мај 2025 година го прогласи за трет најбогат човек во светот, одбра целосно црна комбинација – елегантно одело, свилена кошула и очила во ист тон.
Поминаа речиси три месеци од нивната гламурозна венчавка во Венеција, а јавноста забележува дека нивниот изглед е сè повнимателно модно координиран. Многумина коментираат дека Лорен не крие дека користи естетски процедури за да го задржи младиот изглед, а сега сè повеќе се шпекулира дека и Безос следи сличен пример.
Особено внимание предизвика нивното појавување во сиви комбинации од глава до пети. Лорен се реши за винтиџ здолниште и јакна во иста боја, дел од колекцијата на Џон Галијано од 1995 година. Сепак, критичарите коментираат дека изборот не бил најласкaв, бидејќи таа настојува да изгледа како да е во триесеттите, иако одамна ги има надминато педесеттите.
Од друга страна, Безос се појави во сив капут со панталони и тенок џемпер во иста нијанса, кој ги откриваше неговите извајани мускули и затегнат стомак. На интернет веднаш се појавија шеги и прашања дали можеби носел „маица со вештачки мускули“.
По свадбата, Џеф Безос очигледно го промени својот имиџ – пушти сива брада и коса, добивајќи нова, помодерна, но и изненадувачки непрепознатлива појава. Судејќи според стилот и настапот, многумина сметаат дека зад новиот изглед стои токму неговата сопруга, Лорен Санчез.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.




