Шоубиз
Џеј Зи за прв пат во јавност по обвинението за силување на 13-годишно девојче: Раперот гордо позираше покрај сопругата и ќерката
Раперот Џеј Зи за прв пат се појави во јавноста откако беше обвинет за силување на 13-годишно девојче. Тој со сопругата Бијонсе, нивната ќерка Блу Ајви Картер и мајката на познатата пејачка Тина Ноулс пристигна на премиерата на филмот „Mufasa: The Lion King“.
Џеј Зи и покрај обвинувањата им позираше на фотографите со насмевка, а истото го направи и неговото семејство. Сите дојдоа на премиерата во елегантни комбинации. Раперот носеше класичен кафеав костум додека пејачката носеше необичен златен фустан со длабоко деколте. Во златен фустан блесна и нивната ќерка.



