Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

HBO ќе му го исплати целиот хонорар на Биковиќ, иако тој нема да глуми во серијата

Шоубиз

HBO ќе му го исплати целиот хонорар на Биковиќ, иако тој нема да глуми во серијата

Иако нема да глуми во третата сезона на серијата „White Lotus“, HBO ќе му го исплати целиот хонорар на Милош Биковиќ, пренесува српскиот портал Blic.rs.

Српскиот актер откри дека сумата што ќе му ја плати HBO ќе ја донира во хуманитарни цели, за да им помогне на младите да се образуваат и професионално да се усовршат. “Како што кажав и претходно, ми беше голема чест што бев поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мотивот за учество во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик. Бидејќи нема да се реализира, хонорарот што би го заработил сакам да го насочам кон оние кои утре ќе не претставуваат во светот“, изјави тој за српските медиуми.

Потсетуваме, одлуката Милош Биковиќ повеќе да не е дел од актерската екипа на новата сезона на серијата „White Lotus“ е донесена откако Министерството за надворешни работи на Украина јавно се пожали на соработката на HBO со српскиот актер.

„Ми беше чест да бидам избрана за „White Lotus“, ТВ серија која ја ценам и во која глумат моите колеги кои длабоко ги почитувам. Сепак, моето учество не е можно од причини надвор од доменот на уметноста и нема да се придржувам до никаков наратив кој сака да го загрози мојот интегритет“, рече Биковиќ, кој има и руско државјанство.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.