Шоубиз
Тејлор Свифт се заканува дека ќе го тужи студентот кој го следи нејзиниот приватен авион
Адвокатите на Тејлор Свифт се закануваат со правна постапка против студент од Флорида кој ги следи приватните авиони на познати и јавни личности, вклучувајќи ја и Свифт.
Џек Свини потврди за Си-Ен-Ен дека добил писмо од адвокатите на Свифт за профилите на социјалните мрежи што тој ги води, а кои ги следат летовите на Свифт.
Со оглед на тоа што Свини често споделува информации за движењата на приватниот авион на Свифт, нејзините адвокати на 21-годишниот студент му испратиле писмо во кое барале да престане да ги објавува информациите. Свини, студент на Универзитетот во Централна Флорида, го доби писмото во декември 2023 година.



