Канје Вест вели дека Бог ќе го спои со Ким Кардашијан
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан повеќе не ја крие врската со 13 години помладиот комичар, но нејзиниот поранешен сопруг Канје сепак ја игнорира нивната романса. Тој е убеден дека за празниците ќе го обедини семејството и ќе ја врати „сопругата“.
Во средата, на 24 ноември, раперот „Је“, порано познат како Канје Вест, рече дека сака да го „обнови“ своето семејство со отуѓената сопруга Ким Кардашијан и нивните четири деца Норт, Сеинт, Чикаго и Псалм. Тој ги сподели своите планови за можно помирување при посетата на мисијата во Л.А., каде одржа страстен говор за важноста да се биде со саканите. Toj изјави дека Бог повторно ќе ги спои него и отуѓената сопруга Ким Кардашијан, бидејќи тој призна дека направил „грешки“ во бракот.






