Шоубиз
Ким Кардашијан ја ископира Брена, таа одговори: „Знае што е добро“
Најпознатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан се врати во периодот од 70-тите години на минатиот век за да ја најави новата колекција на костими за капење на нејзиниот моден бренд „Skims“, но посебно внимание привлече стилот кој многумина на Балканот ги потсети на Лепа Брена.
Имено, Кардашијан најави нова серија на костими за капење чиј крој е во стилот на 70-тите , а во најновото видео и серија фотографии за луѓето од нашите простори таа изгледа речиси идентично како Лепа Брена во тоа време.





