Манекенката Ешли Греам роди близнаци: „Тие се родија дома. Тие се среќни и здрави“
Американската плус сајз манекенка и водителка Ешли Греам (34) на Инстаграм ја објави веста дека родила близнаци, односно две момчиња.
– Џастин и јас сме пресреќни што можеме да ви кажеме дека нашите момчиња пристигнаа. Тие се родени рано утрово дома. Тие се среќни и здрави – објави Ешли во петокот.
