Канје Вест со фотосесија потврди дека е во врска со актерката Џулија Фокс (ФОТО)
„Тоа беше остварување на сонот на секоја девојка“, напиша Џулија Фокс во интервјуто за нејзината турбулентна романса со Канје Вест. Таа го опишала и нивниот втор состанок, кој вклучувал хотелски апартман полн со облека
Раперот Канје Вест (44), сега наречен „Је“ и актерката Џулија Фокс (31) во четвртокот ја споделија својата романса со светот со фотографии објавени во магазинот „Interview“. Покрај неколкуте фотографии на кои двојката се прегрнува и бакнува на подот во соблекувалната, Фокс откри и сочни детали од нивната врска.




