Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавени номинациите за Оскари 2023

Шоубиз

Објавени номинациите за Оскари 2023

Актерите Риз Ахмед и Алисон Вилијамс вчера, 24 јануари, во театарот Семјуел Голдвин во Калифорнија ги објавија имињата на номинираните во 23 категории.

Самото 95-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 12 март во театарот Долби во Лос Анџелес, а водител по неколку години повторно ќе биде комичарот Џими Кимел.

„Everything Everywhere All at Once“ води со најмногу номинации, вкупно 11. „The Banshees of Inisherin“ и „All Quiet on the Western Front“ имаат по девет.

Иако повеќето од фаворитите беа почестени со номинациите, првите реакции се дека годинава нема жени во категоријата најдобар режисер, иако до последен момент се веруваше дека може да бидат номинирани неколку од нив (Шарлот Велс, Сара Поли…).

Лејди Гага и Ријана се номинирани за Оскар 2023 во категоријата за најдобра оригинална песна. Гага е номинирана за песната „Hold My Hand“ од филмот „Top Gun: Maverick“, а Ријана за „Lift Me Up“ од филмот „Black Panther: Wakanda Forever“. Ова е прв пат Ријана да биде номинирана за Оскар, додека на Гага ова и е четвртата номинација.

Целосната листа на номинирани за 2023 година погледнете ја тука.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.