Шоубиз
Објавени се првите три епизоди од документарецот за Хари и Меган
По објавувањето на објавата и трејлерот кој крена прашина, сега на Нетфликс се објавени првите три епизоди од документарната серија „Хари и Меган“, кои сигурно ќе го потресат британскиот кралски двор.
Едночасовните епизоди се фокусирани на почетоците на врската меѓу принцот Хари и Меган Маркл, кои деновиве се во центарот на вниманието.
– Ова е приказна од прва рака за Хари и Меган, која содржи досега невидени снимки од нивната приватна архива – е воведната реченица од првата епизода.




