Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Оскари 2025: „Анора“ прогласен за најдобар филм

Шоубиз

Оскари 2025: „Анора“ прогласен за најдобар филм

Најпрестижните филмски награди, 97. Оскари, беа доделени во театарот Долби во Лос Анџелес, каде што филмот „Anora“ освои најмногу награди, иако филмот „Emilia Pérez“ влезе во вечерта со најмногу номинации, од кои 13.

„Anora“ освои пет Оскари, меѓу кои за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, најдобра монтажа и за најдобра женска улога, почест која ѝ припадна на 25-годишната американска актерка Мајки Медисон. Медисон победи, меѓу другите, против Деми Мур, која важеше за најголем фаворит.

Маркетинг

Режисерот на „Anora“ Шон Бејкер стана првиот човек кој освоил четири Оскари во иста година за ист филм.

Едриен Броди го освои вториот Оскар за најдобар актер, 22 години по „The Pianist“, овојпат за улогата во филмот „The Brutalist“ кој освои вкупно три златни статуетки.

За најдобри споредни улоги беа наградени Зое Салдања за „Emilia Pérez“ и Киран Калкин за „A Real Pain“.

Во продолжение победниците во главните категории на вечерта, а целосната листа на победници може да ја погледнете тука.

Најдобар филм: „Anora“

Главна машка улога: Eдриен Броди, „The Brutalist“

Главна женска улога: Мајки Медисон, „Anora“

Споредна машка улога: Киран Калкин, „A Real Pain“

Споредна женска улога: Зои Салдања, „Emilia Pérez“

Режисер: Шон Бејкер, „Anora“

Меѓународен филм: „ I’m Still Here“ (Ainda estou aqui), Бразил

Оригинална песна: „El Mal“ од филмот „Emilia Pérez“

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.