По 10 години пауза, раперот Вукац со рап-песна на англиски јазик (ВИДЕО)
Оние кои ја следеа македонската рап-сцена пред десетина години и тоа како се сеќаваат на артистот Александар Петров или пак можеби само Vukac MC – како што повеќето го познаваат.
Неговото последно издание беше во 2011 година, со темата „Ова е мојот живот“, каде што раскажува колку му е тежок животот во Македонија и дека нема на што да се гордее. Таа 2011 година Вукац ја промовираше и песната „За тебе зборат”, продуцирана од Никола Тефов (NT Beats) и Зоран Алексиќ – Снупи.
Е, токму тој Александар Петров по цели 10 години пауза повторно се активира, но овој пат од Америка каде што живее веќе неколку години.





