Актерот ја изненади мајка си со скап подарок, а нејзината искрена реакција сите ги разнежи (ВИДЕО)
Актерот Двејн Џонсон заедно со своите ќерки за Божиќ ја изненадил мајка си Ата со скапоцен подарок – нов автомобил, па на социјалните мрежи го споделил емотивниот момент.
На видеото, актерот, мајка му, како и двете помали ќерки стојат пред автомобилот. Најпрво 49-годишниот актер ѝ ги покрива очите на неговата 73-годишна мајка, а кога ѝ покажува подарокот нејзината радост е повеќе од очигледна.
-На почетокот беше во шок. Се расплака, а кога во автомобилот ѝ се придружија нејзините внуки, ја преплави неизмерна радост – напиша популарниот актер.




