Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тајгер Вудс во врска со поранешната сопруга на Доналд Трамп Џуниор

Шоубиз

Тајгер Вудс во врска со поранешната сопруга на Доналд Трамп Џуниор

Ванеса Трамп (47), поранешната сопруга на синот на Доналд Трамп – Доналд Трамп Џуниор, наводно е во врска со најголемиот голфер во историјата Тајгер Вудс (49).

Четири извори потврдиле за DailyMail дека парот е во врска. Наводно, Тајгер и Ванеса живеат на само 20 минути еден од друг, а заедно се појавија на голф турнир во февруари.

Иако не е познато како се запознале, нив ги поврзуваат две работи – Флорида каде што живеат и двајцата и голфот. Имено, Каи Трамп (17), најстарата ќерка на Ванеса, е страстен голфер. Познато е дека Каи се натпреварува во првенства и често игра со својот дедо, претседателот Доналд Трамп.

Маркетинг

Исто така, Каи оди во истото училиште со децата на Вудс, Сем (17) и Чарли (16), па парот можеби се запознал на овој начин „преку децата“.

Ванеса Трамп беше во брак 13 години со Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на Трамп од бракот со неговата прва сопруга Ивана Трамп. Во текот на деведесетите била модел, се појавувала како актерка во филмови, а била и сопственичка на ноќниот клуб „Сеса“. Таа беше во врска и со холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо во 1990-тите, со саудискиот принц Калид бин Бандар бин Султан Ал Сауд од 1998 до 2001 година, а потоа стана снаа на актуелниот претседател на САД.

Ванеса и Трамп заедно имаат пет деца, а се разведоа во Њујорк во 2018 година.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.