Шоубиз
Познатата Хурем од „Сулејман Величествениот“ го пее хитот на Северина
Хрватската музичка ѕвезда Северина на својот Инстаграм сподели видео во кое турската актерка Мерием Узерли, позната по улогата на Хурем во серијата Сулејман Величествениот, танцува и пее на нејзиниот хит „Uno Momento“ во друштво на пријатели во кафеана. 
„Севе те слуша тебе и Хурем. Љубов до сите и нашата Мерием“, напиша Северина на Инстаграм.
Мерием Узерли е германско-турска актерка родена во 1983 година во Касел. Најпозната е по улогата на Хурем Султан во популарната турска историска серија „Сулејман Величествениот“ (Muhteşem Yüzyıl), која ја лансираше во голема актерска ѕвезда. Благодарение на оваа улога таа освои голем број престижни награди, а серијата стекна огромна популарност низ регионот и светот.




