Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Рајан Гослинг имаше неверојатен настап на Оскарите (ВИДЕО)

Шоубиз

Рајан Гослинг имаше неверојатен настап на Оскарите (ВИДЕО)

Актерот Рајан Гослинг, заедно со 65 танчари во улогата на Кен, на 96. Оскари ја изведe песната „Јас сум само Кен“ (I’m Just Ken) од филмот „Барби“, која беше номинирана за најдобра оригинална песна.

Атмосферата во театарот Долби да не биде монотона се погрижи Рајан Гослинг, ѕвездата на филмот Барби.

Во розов смокинг актерот ја испеа песната „I’m Just Ken“ и беше подобро од очекуваното.

Тој настапот го започна седејќи зад својата колешка Маргот Роби, која не можеше а да не се смее додека Гослинг и пееше на уво.

Актерот продолжи на сцената, каде што му се придружија десетина танчери со каубојски капи, како и музичарот и композитор на песната Марк Ронсон и колегите од филмот Симу Лиу, Кингсли Бен-Адир и Шути Гатва.

На моменти се чинеше дека се работи за концерт, а за се да биде уште повпечатливо, на сцената му се придружи легендарниот музичар Слеш (од бендот „Guns N’ Roses“) кој изведе соло на гитара.

Имаше коментари дека кореографијата е омаж на песната „Diamonds Are A Girl’s Best Friend“, испеана од Мерлин Монро во филмот од 1953 година „Gentlemen Prefer Blondes“.

Во еден момент, Гослинг се симна во публиката и ги најде своите колешки од „Барби“, Америка Ферера, Маргот Роби и режисерката Грета Гервиг, кои му помогнаа на Гослинг да ја пее неговата песна, а потоа продолжи и до кај својата партнерка од „La La Land“ Ема Стоун, која вечерта го освои својот втор Оскар.

Иако изведбата беше тотална неверојатна, песната на крајот изгуби во трката за Оскар од Били Ајлиш и Финес со оригиналната песна „What Was I Made For“, песна напишана исто така за филмот „Барби“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.