Шоубиз
Килијан Марфи е новото лице на Версаче
Версаче ја лансира линијата Icons за мажи и за свое заштитно лице го обезбеди моментално еден од најпопуларните мажи, Килијан Марфи.
Откако ги освои овогодинешните награди со улогата во Опенхајмер, сега тргнува да го освои светот на модата. Килијан Марфи ја доби статуетката за најдобар актер на овогодинешните Оскари, а на сите фотографии од наградата позираше во смокинг од Версаче. Неговиот стајлинг беше најава за она што следува.
Имено, Килијан стана заштитно лице на еден од најпрестижните модни брендови во светот – Версаче. Неговото достигнување го претстави Донатела Версаче која е креативен директор на модната куќа .




