Спотот „Billie Jean“ со над милијарда прегледи на „Јутјуб“ (ВИДЕО)
Една од најслушаните песни на американската поп ѕвезда Мајкл Џексон – некогашниот хит „Billie Jean“ собра повеќе од милијарда прегледи на платформата „Јутјуб“, со што стана третатапесна од осумдесеттите години на минатиот век која го оствари тоа.
Од хитовите на музичарите од 1980-те години, бројката од милијарда прегледи досега го минаа само „Sweet Child O’Mine“ на американскиот хард-рок бенд Guns N’ Roses од 1988-та и „Take On Me“ на норвешката синт-поп група A-ha од 1984 година.
Нумерата „Billie Jean“, чиј автор е Џексон а ја продуцираше легендарниот „крал на рокот“ Квинси Џонс, беше наградена со две Греми.




