Шоубиз
Стинг ги одложува концертите поради здравствени проблеми
Поради нарушено здравје, музичарот Стинг беше принуден да одложи два концерти и да го откаже своето учество на доделувањето на наградите на списанието „Бас“, пишува „Дејли мејл“.
73-годишниот пејач требаше да добие награда за животно дело на настанот, но по совет на својот лекар, со жалење го откажа појавувањето.
Одложени се и неговите концерти во Феникс, Аризона и Витленд, Калифорнија, кои ќе се одржат на нови датуми откако пејачот ќе закрепне. Засега нема информации за природата на здравствениот проблем.




