Шоубиз
Твитерџиите го обвинија Ленс Грос за расизам
Божиќна фотографија на американскиот глумец Ленс Грос, објавена на Твитер, предизвика лавина критики и обвинувања поради тоа што една жена со потемна боја на кожата е издвоена од оние со светол тен.
Ѕвездата од ТВ сериите „Заспаната долина” и „Вовед во анатомија“, на сликата е со сопругата и колешка Ребека Џеферсон и осум пријатели. Тој и неговите пријатели Афроамериканци се во пар со своите „бели“ девојки, а единствената Афроамериканка седи некако „настрана“ и изгледа тажно и осамено.
– Фотографијава покажува дека белците победија. Како девојка со посветол тен, чувствувам одговорност да укажам на расизам каде што ќе го забележам. Одвратна шега, гласи еден од коментарите под објавата.




