Шоубиз
Ѕвездите од „Friends“ се огласија по смртта на Метју Пери
Ѕвездите на серијата „Friends“ („Пријатели“) објавија заедничко соопштение по смртта на нивниот колега Метју Пери.
Џенифер Анистон, Мет Лебланк, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу и Кортни Кокс дадоа заедничка изјава за магазинот „People“.
„Комплетно сме скршени од загубата на Метју. Ние не бевме само колеги, ние сме семејство. Има толку многу нешта да се кажат, но сега ни е потребен момент да тагуваме и да ја процесираме оваа преголема загуба. Кога ќе дојде време ќе зборуваме повеќе, кога ќе можеме. Засега, нашите мисли и нашата љубов се со семејството на Метју, неговите пријатели и сите оние низ светот кои го сакаа“ – стои во заедничкото соопштение.




