МК Сцена
Скопје и Македонија 4 денови ќе уживаат во Корејската култура
За првпат во Македонија сите наши граѓани ќе имаат несекојдневна шанса да уживаат во корејската музика, кинематографија и фотографија за време на „Деновите на Корејската Култура во Скопје“, манифестација која ќе трае од 29ти до 31ви октомври, организирана од страна на Амбасадата на Република Кореја во Бугарија.
– „Ми претставува задоволство што ја имам можноста да го организирам овој културен настан за претставување на корејската култура на македонската публика за првпат. Им благодарам на Министерството за култура и Министерството за надворешни работи за нивната поддршка за овој настан. Исто така сакам да ја изразам мојата благодарност до корејската туристичка организација за нивната финансиска поддршка. Ова е првото претставување на корејската култура пред македонскиот народ досега, па мислевме дека традиционална тема е најсоодветна за овој настан. Во име на тоа, на 29ти октомври, првиот дел од програмата ќе се состои од корејска традиционална музика, на моменти и комбинирана со танц.
Првиот дел се состои од изведбата на Bulsechul, кој што креира традиционални, ритмички ноти и мелодии и ги преработува на уникатен начин, давајќи им нијанса на нов и модерен звук.





