Сцена
Средношколците од „Георги Димитров“ во хуманитарна акција за помош на петгодишниот Марко
Ученици од СУГС „Георги Димитров“ и членови на Драмскиот креативен центар „С’клет“ организираат претстава, која ќе биде изведена на 5 мај во 20 часот, во Дом на АРМ во Скопје.
Текстот и режијата се на нивната професорка Марина Лотеска, а претставата е хуманитарна за помош на петгодишниот Марко, на кого му е потребна помош за да може да замине во Истанбул на операција на неговата нога.
Претставата е во соработка со ООЦК Карпош преку програмата Црвен крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)


![11009984_951940784839819_2595705101910764472_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/05/11009984_951940784839819_2595705101910764472_n1.jpg)


