Сцена
Светска премиера на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на меѓународниот филмски фестивал во Каиро
Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро ( Cairo International Film Festival), кој се одржува од 13 до 22 ноември.
-Денеска најавуваме дека мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и привилегија. Овој филм е проект на кој работам десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото кое е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, и по неколку измени дојдовме до оваа конечна верзија на сценариото која ја снимивме. Бевме први кои снимаа во време на пандемијата, во услови на карантин, но задоволни сме и со нетрпение очекувам да и го претставиме и на публиката, рече Елеонира Венинова, режисерка на филмот.