Сцена
Претставата „Нема да биде крај на светот“ учествува на театарски средби во Брчко
„Нема да биде крај на светот“, копродукциската претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби Брчко Дистрикт во БиХ, насловени под слоганот „Болест на Општеството“.
Во официјалната фестивалска програма кој започна на 20, а ќе заврши на 28 октомври, покрај нашата театарска куќа, опфатени се и театри од регионот, меѓу кои: Сатирично казалиште „Керемпух“ и Градско драмско казалиште „Гавела“, Загреб – Р Хрватска, Црногорско народно позориште и Центарот за култура во Тиват – Р Црна Гора, Босанско народно позориште, Зеница – БиХ, Ателје 212, Белград и Српско народно позориште, Нови Сад – Р Србија и други.
Театарските средби во Брчко се основани пред 49 години, а во својата речиси половина век долга традиција, средбите ги променија правилата и предлозите за организација, продукција, структурата на оценувањето и наградувањето на претставите и поединците, како и начинот на селекција и избор на изведби.




