Сцена
ТАЈНА ЉУБОВ! Јелена Розга и Иван Хуљиќ со месеци ја криеле врската од јавноста и од нивните семејства
Хрватската пејачка Јелена Розга пред повеќе од една година ја обнови врската со 11 години помладиот Иван Хуљиќ, но долго ја криеја од јавноста – па дури и од неговото семејство.
Според хрватските медиуми, најголемата причина била стравот од реакцијата на неговата мајка, Вјекослава Хуљиќ, иако таа отсекогаш имала убаво мислење за Јелена.
Покрај тоа, Иван бил загрижен и поради медиумскиот притисок. Јелена е една од најпознатите пејачки на Балканот, неговиот татко Тончи е музичка легенда, а сестра му Хана е во брак со Петар Грашо – па стравувал дека нивната приватност ќе биде нарушена.




