Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кејти Пери и Орландо Блум се пред раскинување поради неуспехот на нејзиниот албум и турнеја

Шоубиз

Кејти Пери и Орландо Блум се пред раскинување поради неуспехот на нејзиниот албум и турнеја

Кружат гласини дека љубовта помеѓу пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум престанала, пишуваат американските медиуми. „Готово е. Чекаат да заврши нејзината турнеја пред да раскинат“, изјавил извор.

Пери моментално е на нејзината турнеја „Lifetimes“, која започна на 23 април и трае до 7 декември. Двојката првпат се запозна во 2016 година на забава по доделувањето на Златните глобуси и се сврши на Денот на вљубените 2019 година. Тие ја добија ќерката, Дејзи Дав, на 26 август 2020 година.

Кејти Пери е незадоволна поради неуспехот на нејзиниот нов албум „143“ и турнејата „Lifetimes“, што наводно влијаело на нејзината врска со Орландо Блум.

Маркетинг

Седмиот студиски албум на поп-ѕвездата, објавен во септември 2024 година, не ги постигна очекуваните резултати, што остави длабоки траги врз пејачката. „Орландо имаше разбирање, но сепак предизвика тензија“, цитираше магазинот „People“ лице блиско до двојката. Проблемите не застанаа само на албумот. Турнејата „Lifetimes“ беше пречекана и со критики, што исто така предизвика фрустрација кај Пери и додаде стрес во нејзината врска.

Двојката веќе се разделувала и претходно – поминале една година разделени во 2017 година. Пери се осврна на раскинувањето во подкастот „Call Her Daddy“ минатата година.

„Од самиот почеток, не бевме на вистинското место. Тој беше затоа што он штотуку заврши долг период на целибат и имаше јасни намери. Јас штотуку излегов од врска и реков: „Не можам повеќе да го правам ова. Морам да пливам во други води“. Морав сериозно да работам на себе“, изјави пејачката во подкастот.

Истата година, таа даде увид во тоа како изгледа нивната врска кога се караат.

„Кога Орландо и јас се караме, тоа е бурмо и брзо, но се смируваме исто толку брзо. Како: „Ла ла ла, те сакам. Продолжуваме понатаму“.

Двојката претходно откри дека одат на терапија за парови, а самиот актер зборуваше за предизвиците во бракот пред две години во едно интервју.

„Ние сме во два многу различни света кога станува збор за работата. Нејзиниот свет не е таков што јас нужно го разбирам, а не мислам дека ни таа го разбира мојот целосно. Понекогаш работите се многу, многу, многу предизвикувачки. Нема да лажам. Секако се бориме со емоциите и креативноста. Мислам дека двајцата знаеме колку сме среќни што се поврзавме на толку уникатен начин, во вистинско време. И никогаш нема досаден момент со нас“, заклучи тој.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.