Сцена
„Таксират“ и „Д Фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа
Фестивалите „Таксират“ и „Д Фестивал“ се во трка за престижните „Европски фестивалски награди“, најзначајното признание за музичките настани на стариот континент.
Двата фестивала, како што информира нивниот организатор „Пасворд Продакшн“, се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави од Европа.
Зимскиот „Таксират“ влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затворен простор“, додека пак „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10 000 посетители дневно.






