Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Таксират изгласан меѓу 10 најдобри фестивали во Европа!

Сцена

Таксират изгласан меѓу 10 најдобри фестивали во Европа!

ТАКСИРАТ Фестивал е избран во најдобрите 10 фестивали во Европа како финалист во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor festival) на најценетото признание во светот на музичките фестивали, Европските фестивалски награди!

Отвореното гласање за 12-тото издание на „ЕФА“ (European Festival Awards) заврши со извонредна поддршка од светската публика на кое со повеќе од 40000 гласови од јавноста и гласот на стручното жири од музички експерти, избрани се финалистите во главните категории, меѓу кои е и македонскиот „Таксират Фестивал“ и тоа во најдобрите десет по силната конкуренција од неверојатни 350 фестивали од 35 земји во Европа!

Станува збор за најпрестижното признание за музичката индустрија на стариот континет со кое „Таксират“, единствен од Македонија, има чест повторно и повторно да е препознаен за својот квалитет со бројни номинации во годините наназад, а сега и во самиот врв како финалист во својата категорија.

Победниците од секоја категорија ќе бидат прогласени следната година на свеченото церемонијално доделување на Европските Фестивалски Награди, на 18 јануари во Гронинген, Холандија, а финалистите во сите категории се објавени на овој линк.

Со ова признание „ТАКСИРАТ“ прв пат се закити во 2016 година, а годинава пристигнува на адресата на нашиот најголем алтернативен музички фестивал како уште една причина за славенички да ги започне подготовките за своето следно, 25-то јубилејно издание, а по годинашното најпосетено издание кое заврши неодамна со главната вечер на 7 декември. Имено, годинава повеќе од 27000 посетители беа дел од импресивната програма со повеќе од 50 концерти меѓу кои „Дед кен Денс“, Ману Чао, Андре Риу, Бен Клок, „Ај-Ем-ДиДи-Би“, „Хладно Пиво“, „Буч Кесиди“, „Содом“, „Ла Пегатина“ и многу други во рамки на Главната вечер, „ПИН“ и „Лузер фест“ на ТАКСИРАТ 2022.

„Европските Фестивалски Награди“, од своето оформување во 2009 година, се посветени на својата цел да ги препознаат и прослават колективните успеси на фестивалските организации во музичката индустрија на стариот континент. Низ 16 категории, наградите го доделуваат најзначајното меѓународно признание за музичките фестивали и нивните истакнати индивидуи, како за квалитетот, така и за поместување на границите во поглед на професионалноста и посветеноста кон безбедност, општествена свесност, еколошка одржливост и иновативност при организирање на музички фестивали.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.
Please accept [renew_consent]%cookie_types[/renew_consent] cookies to watch this video.