Таленти
Илина Соколовска освои сребрен медал за Германија на песна на „Некст тајм“
Песната „Кога падна на Пирина“ од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место.
Илина се натпреваруваше за Германија и и донесе сребро во конкуренција на над 20 земји учеснички од целиот свет.
Со овој натпревар, кој се одржа во Леверкузен, македонското девојче Илина, кое веќе неколку години реди успеси за Германија, ја заврши сезоната на спортување и има пауза до фебруари, кога ќе стартува новата сезона.





