Низ објективот
Германскиот козметички бренд ZEENA пристигна и во Македонија
Во убавиот амбиент на ресторанот ABC by Ria беше промовиран новиот бренд ZEENA, кој веќе пристигна во нашата земја и е дел од најголемата Германска брзорастечка компанија за декоративна козметика.
Брендот ZEENA, чија мисија е – убавина за сите, ја демократизира убавината, нудејќи радост и можност, секоја дама да ја искуси оваа квалитетна козметика.
Помеѓу многуте гостинки беа присутни и модната дизајнерка и професорка Лидија Георгиева, актерката Амернис Нокшиќи, препознатливите тв лица Живкица Каленикова, Јована Стојменовиќ, Јелена Спенџарска, Билјана Дебарлиева, Татјана Стојановска, Ирена Спировска… инфлуенсерки и претставнички од медиумите, кои уживаа во тестирање на новата козметичка линија.




