Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТРАМП: „Ја одбив понудата на Тајм да бидам личност на годината“

Сцена

ТРАМП: „Ја одбив понудата на Тајм да бидам личност на годината“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека списанието „Тајм“ му најавило дека тој најверојатно ќе биде именуван за личност на годината и му побарало интервју за таа цел, но тој ги одбил.

– Ми се јавија од магазинот Тајм да ми кажат дека НАЈВЕРОЈАТНО ќе биде маж (личност) на годината, исто како и минатата година, но ми бараа да им дадам интервју и можност да ме фотографираат. Им реков дека тоа веројатно не е добро и ги одбив. Благодарам во секој случај, напиша претседателот Трамп на социјалната мрежа Твитер.

Трамп лани секако беше личност на годината, по неговата победа против Хилари Клинтон. Во текот на годината, во периоди кога изборната кампања на Трамп се одвиваше лошо, „Тајм“ објави и две насловни страници со ликот на Трамп како се топи, навестувајќи дека кампањата му е во распад. По изборот на Трамп, списанието продолжи да го обвинува за хаотично водење на државата и објави и насловна страница на која Трамп седи во Овалната канцеларија, додека ветер му ги носи документите.

Во одговор на твитер коментарот на Трамп, повеќе уредници на „Тајм“ напишаа дека воопшто не мислеле да му ја дадат таа чест на претседателот и оваа година, а списанието објави дека нема да коментира за својот избор до 6 декември.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.
Please accept [renew_consent]%cookie_types[/renew_consent] cookies to watch this video.