Сцена
Трамп и Меланија ги вклучија светилките на новогодишната елка пред Белата куќа (ВИДЕО)
Заблескаа новогодишните сијалички на елката пред Белата куќа!
Американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија на целата нација посакаа Среќен Божиќ и незаборавни празници на традиционалното вклучување на сијаличките на новогодишната елка пред Белата куќа.
Трамп и првата дама на САД, Меланија, заедно одбројувале од десет за потоа таа да го стисне копчето и да ги вклучи декорираните златни светла и сребрени ѕвезди на елката, пренесува АП.






