Сцена
ЊУЈОРК ЗАБЛЕСКА: Вчеравечер се доделија МТВ Видео музичките награди (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Вчеравечер во Медисон Сквер арената во Њујорк се одржа доделувањето на МТВ Видео музичките награди.
Ултимативен победник на вечерта беше Бијонсе, која од 11 номинации, дома понесе дури 8, меѓу кои оние за видео на годината, најдобар видеоспот во женска категорија и најдобар поп видеоспот.
Бијонсе ја потврди оваа доминација и по изненадниот настап кој го најави нејзината блиска другарка, тенисерката Серена Вилијамс. Квин Би, како што милуваат да ја наречат фановите, изведе компилација на песни долга 17 минути, меѓу кои „Pray You Catch Me,” „Hold Up,” „Sorry,” „Don’t Hurt Yourself” и „Formation”, од нејзиниот актуелен албум „Lemonade“.






















