МК Сцена
АВТУД: „Значајно е што во Македонија се посветува многу внимание на поезијата“
Чест и задоволство ми е што сум меѓу повеќе од 50 поети добитници на највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, „Златен венец“, истакна годинашниот лауреат канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд.
На прес-конференцијата што денеска се одржа во нејзина чест Атвуд посочи дека фестивалот е одлична можност да се слушнат поети од целиот свет кои читаат поезија на своите јазици.
– Тоа е еден преглед на поетите од светот и е многу охрабрувачки дека посветувате многу време и внимание на поезијата која често е запоставена и е зад романите. Чувството е прекрасно и бев многу воодушевена со фотографите од претходните церемонии, кои се многу разновидни и живописни и затоа ја поздравувам оваа церемонија на наградување, заклучи Атвуд.





