Вести
Кралот Чарлс и Камила ненајавено го посетија папата Франциск во Ватикан
Папата Франциск вчера имаше ненајавена приватна средба со британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила кои се во четиридневна државна посета на Италија, соопштија Ватикан и Бакингемската палата.
Портпаролот на Бакингемската палата рече дека кралот и кралицата се „воодушевени“ што здравјето на папата било доволно добро за да ги прими.



