Сцена
Жаки и Лена му го „свртеа“ умот на Даниел Крстески (ВИДЕО)
Младиот и талентиран пејач Даниел Кристески пред неколку дена го заврши снимањето на спотот за неговата најнова песна со наслов „Милена“.
Станува збор за песна на која како автори се потпишуваат Ристо Самарџиев – музика и текст, додека пак аранжманот е на Владимир Дојчиновски.
Режисер на спотот е Филип Јакимовски, а истиот се снимаше на базенот „Пул хаус“ во Скопје. Покрај Даниел во спотот се појавуваат и моделите Лена и Жаклина.



