МК Сцена
Нова радио станица во скопскиот етер
На фреквенцијата 107,4 денеска во скопскиот етер започна со работа новото „Хепи радио“.
Главниот и одговорен уредник Иван Беќковиќ зборувајќи за концептот и програмската шема на новата градска фреквенција рече дека во текот на денот радиото ќе има цели 14 часа програма во живо, како и целоноќна одбрана музика.
Директорот и еден од сопствениците на радиото, Владо Јаневски истакна дека главна цел на радиото е да шири добра вибрација низ градскиот етер и дека целта на неговиот тим е да стане најдобриот пријател на сите слушатели кои ќе дојдат на оваа фреквенција.




