Музика
Кристијан Демјански – Победникот од „Пат до ѕвездите“, ја промовираше својата прва авторска песна „Јас морам да се борам“
Кристијан Демјански е новото музичко име кое ја освојува македонската сцена. Почнувајќи од својот прв настап на детскиот фестивал во Берово, па сè до освојувањето на престижното музичко шоу „Пат до ѕвездите“, Кристијан е пример за тоа како упорноста, талентот и страста се клучни за успех во музичката индустрија.
Во 2023 година, Кристијан го круниса својот успех станувајќи првиот победник на популарното шоу „Пат до ѕвездите“. Како дел од наградата, тој сними три песни, а неговиот прв сингл „Јас морам да се борам“ стана вистински хит веднаш по објавувањето. Песната е резултат на соработката со реномираниот композитор и аранжер Мите Стоилков и текстописецот Огнен Неделковски. Снимањето се одвиваше во елегантниот хотел Аурора спа ресорт, а за визуелната продукција беше задолжена една од најдобрите – Арт Студио Продукција.
