Спорт
ФУДБАЛЕРИТЕ ПРИСТИГНУВААТ: Манчестер Јунајтед во „ТЦЦ Плаза“, Реал Мадрид во „Александар Палас“
Главниот град на Република Македонија, Скопје, денеска и утре ќе биде во фокусот на вниманието на светската фудбалска јавност.
На Националната арена „Филип Втори“ утре од 20:45 часот ќе се игра УЕФА Супер куп натпревраот во кој ќе се сретнат актуелниот европски шампион Реал Мадрид и победникот во Лига Европа англискиот Манчестер Јунајтед.
Тоа се два од ТОП трите најбогати и најпопуларни екипи во светот, заедно со шпанската Барселона.




