Останато
И Македонци учествуваа на маратонот во Њујорк
Трчањето е се почеста слика во Македонија, а особено со се поголемата популаризација на Скопскиот маратон (пријавувањето за 2017 година е веќе почнато), пренесува Сител.
Така вчера во Њујорк се трчаше маратонот во овој град, а според официјалните резултати на него настапија и 10 претставници од Македонија. Тоа се воглавно натпреварувачи кои основно мото им е да го истрчаат маратонот, а во во тоа успеаја и искрено им честитаме.
Ова се имињата, на тие кои трчаа во Њујорк под македонското знаме: Атанас Наумов, Блаже Цоневски, Елисавета Нојковска, Ангел Арнаудов, Перо Георгиевски, Александар Аневски, Драгана Дамјановиќ Чифлиганец. Дејан Ристов, Кристоф Палаци, Едуард Титов. На овој линк се нивните времиња.

